Благодарение на напредните технологии, нудиме голем избор на површински структури на бехатон елементите за создавање на уникатни проекти. Изгледот на бехатон елементите кои ние ги изработуваме може да биде: 3D, Colormix, Kварцен изглед итн.
Монтажа
Методи за монтажа кои ги применува нашиот стручен тим се:
1. Поставување на дренажа, горен и долен носечки слој
2. Изградба на израмнувачки слој
3. Поставување / сечење на бехатоните
4. Фугирање
Производство
Нашите производи се произведуваат во модернизирани и автоматизирани погони. Процесот на производство почнува со мешање на суровините кои се потребни за совршено квалитетен производ. Во нашите производни простории се вработени стручни работници кои се грижат за целосниот процес на производство, од подготовка и сечење, преку обработка и боење (доколку е потребно).
Транспорт
Со завршување на процесот на производство, добиените производи се пакуваат во заштитни обвивки каде се складираат на соодветни места се до својот транспорт. Транспортот се одвива со големо внимание и нашиот тим секогаш испорачува брзо и навреме.